Еве ви еден лесен предлог за мафини кој може да ги послужите како појадок или предјадење.
 
Подготовка на мафините
Најпрво пилешкиот батак со карабастак сварете го во солена вода. Откако ќе се свари исчистете го од коските и исечкајте го или искинете го на малку парчиња.
Во сад за матење со жица матете ги јајцата со павлаката, брашното, квасецот, содата, шеќерот и солта. Матете додека смесата не стане хомогена, а потоа додајте ги во садот и парчињата пилешко. Смесата распоредете ја во 6 калапчиња за мафини и печете 30 до 40 минути на 180 степени додека не заруменат. Откако ќе бидат печени оставет ги да оладат, а во мегувреме спремајте го кремот.

Подготовка на кремот
Компирот сварете го зачинете со со сол и маслиново масло и испасирајте го како пире. Оставете го да се излади малку. Откако ќе се излади додадете ја и павлаката и мешајте со вилушка додека смесата не стане хомогена. Потоа смесата префрлете ја во готварски шприц и декорирајте ги мафините. На крај поросете ги мафините со сецкани ореви.

Совет
Доколку вашите калпчиња не се силиконски како во мојот случај ви препрачувам пред да ја нанесете смесата да ги намастите и набрашнете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани