Мека и вкусна и декоративна а брза за подготовка е оваа солена торта.

1. Еден страк праз ситно го сецкаме и го ставаме да динста со малку вода и ја додаваме сецканата сува пиперка. Кога ќе испари водата додаваме малку масло и сецканите маслинки и пржиме околу една минута.

2. Јајцата ги матиме со жица за матење, додаваме сол и потоа го додаваме јогуртот. Убаво мешаме па го додаваме маслото па потоа брашното со печивото. Повторно мешаме со жицата за матење. Го рендаме биеното сирење и го додаваме филот со праз. Убаво промешуваме и ставаме во сад за печење(долга тава со димензии 15 на 25 цм). Се пече во загреана рерна на 190 степени околу половина час(проверувате со чепкалка).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови