Солена торта со праз и маслинки
Состојки
- 1 страк праз
- 1 сува црвена пиперка
- 15 црни маслинки
- 2 јајца
- 4 лажици масло
- 1/2 лажичка сол
- 300 мл југурт
- 200 гр брашно
- 100 гр рендано биено сирење
- 1/2 кесичка прашок за печиво
Подготовка
Мека и вкусна и декоративна а брза за подготовка е оваа солена торта.
1. Еден страк праз ситно го сецкаме и го ставаме да динста со малку вода и ја додаваме сецканата сува пиперка. Кога ќе испари водата додаваме малку масло и сецканите маслинки и пржиме околу една минута.
2. Јајцата ги матиме со жица за матење, додаваме сол и потоа го додаваме јогуртот. Убаво мешаме па го додаваме маслото па потоа брашното со печивото. Повторно мешаме со жицата за матење. Го рендаме биеното сирење и го додаваме филот со праз. Убаво промешуваме и ставаме во сад за печење(долга тава со димензии 15 на 25 цм). Се пече во загреана рерна на 190 степени околу половина час(проверувате со чепкалка).
На здравје!