Сникерс колач (посно)
Не знам како да му го дадам името, дали колач, дали чоколадо, ама да ви кажам ептен е вкусно, мислам како за посно.
100 гр од кикириките ставаме да се потпечат во рерна да добијат боја ама и вкус на печено. Остатокот т.е. 400 гр од кикириките ги мелеме во машинката за мелење ореви. Можете да ги сомелете и во сечко ама мене вака ми се добива идеална големина на гранулите. Додаваме мед во мелените кикирики и соединуваме додека да се направи топка која потоа ја расплескуваме во соодветен сад, со дебелина која ја сакаме. Го ставаме во фрижидер да се стегне малку. Мачкаме тенок слој мед врз него, па ги ставаме изладените печени кикирики. Чоколадото го топиме со маслото и го ставаме врз колачот. Го ладиме и уживаме во вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани
Сакам да обрнам внимание на сите што ќе пробаат да го прават, имено мерката за медот е од око,ставав лажица по лажица се додека да ја добијам потребната густина на смесата за да може да се врзе и да се расплеска, а потоа и да се сече. Формата направете си ја по желба, јас толку мног брзав кога го правев, па не ни добив некоја идеја за некоја поинаква форма. Сега вака кога го гледам дури смешен ми е, како некои запчиња се тоа целите кикирики на колачот, ама и фотките се правени многу набрзинка, па немој да ми замерите! Поздрав!