Испечати

Сникерс колач (посно)

Сникерс колач (посно)

Состојки

  • 500 гр кикирики, лупени непечени
  • 100 гр мед (неколку лажици)
  • 150 гр чоколадо
  • 2-3 лажици масло

Подготовка

Не знам како да му го дадам името, дали колач, дали чоколадо, ама да ви кажам ептен е вкусно, мислам како за посно.

100 гр од кикириките ставаме да се потпечат во рерна да добијат боја ама и вкус на печено. Остатокот т.е. 400 гр од кикириките ги мелеме во машинката за мелење ореви. Можете да ги сомелете и во сечко ама мене вака ми се добива идеална големина на гранулите. Додаваме мед во мелените кикирики и соединуваме додека да се направи топка која потоа ја расплескуваме во соодветен сад, со дебелина која ја сакаме. Го ставаме во фрижидер да се стегне малку. Мачкаме тенок слој мед врз него, па ги ставаме изладените печени кикирики. Чоколадото го топиме со маслото и го ставаме врз колачот. Го ладиме и уживаме во вкусот.