Слатко солени округлици од мелено месо
Интересни на вкус за мене и моето семејство сосема прифатливи - а велат во Шведска најмногу ги сакале токму овакви фрикадели со темен сос послужени со џем од брусница или како ги нарекуваат “fleischballchen”
- Во длабока здела измешајте ги лебните трошки, киселата павлака, јајцето и мешавината на зачините. Целото тоа добро го измесете и оставете да одстои околу 1 час. по што ќе ги обликувате округлиците, наредете во подмачкано со зејтин плекче.
Сос
- Измешајте го кечапот со сите состојки потребни за сосот.
Со лажиче земајте од овој сос и ставете врз секоја округлица. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 1час.
Сервирајте на зелена салата или како прилог нека биде пипер, тестенини.. како вие ќе си изберете.
Се надевам дека овој специфичен вкус на слатко-солено ќе ви се допадне исто како и на нас.
Денес ги спремив од половина напишаната количина.
Лиценца: Сите права се задржани
Inaku mala popravka ako prifakas, Fleischbällchen gi vikaat Germancite, a vo Svedska se Köttbullar :) barem mene kolku mi e poznato :)
A ti ubavo ime si mu dala na receptot, da nema zabuni :) Ke se probaat koftinjava, me privlece sosot...