Слатко солени округлици од мелено месо
Состојки
- За округлиците
- по 200 гр. говедско, свиснко и телешко мелено месо
- 1 лажица мешавина од сув зеленчук, мускатно оревче, бибер
- 1 лажичка лук во прав
- 200 мл. кисела павлака
- 30 гр. лебни трошки
- 1 јајце
- малку зејтин
- За сосот
- 500 мл. кечап
- 2 лажички кафен шеќер
- 1 лажица ситно сецкан кромид
- 1 лажичка лук во прав
Подготовка
Интересни на вкус за мене и моето семејство сосема прифатливи - а велат во Шведска најмногу ги сакале токму овакви фрикадели со темен сос послужени со џем од брусница или како ги нарекуваат “fleischballchen”
- Во длабока здела измешајте ги лебните трошки, киселата павлака, јајцето и мешавината на зачините. Целото тоа добро го измесете и оставете да одстои околу 1 час. по што ќе ги обликувате округлиците, наредете во подмачкано со зејтин плекче.
Сос
- Измешајте го кечапот со сите состојки потребни за сосот.
Со лажиче земајте од овој сос и ставете врз секоја округлица. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 1час.
Сервирајте на зелена салата или како прилог нека биде пипер, тестенини.. како вие ќе си изберете.
Се надевам дека овој специфичен вкус на слатко-солено ќе ви се допадне исто како и на нас.
Денес ги спремив од половина напишаната количина.