Слатко од зелени домати и лист од смоква
Супер си е рецептот, супер си е вкусот, ама не кажувајте никому дека станува збор за домати, кажете дека се смокви и сите ќе го јадат =))
Рецептот ми го даде еден другар кој што порано споделуваше рецепти тука со нас, ама сега нешто забушава.
Во тенџерето во кое ќе варите се редат ред домати (претходно сецнати на врвот како крстче), ред шеќер и ред листови од смоква, се додека имате и се оставаат преку ноќ.
Утредента се варат на тивко околу час и половина, шербетот да згусне. Се трга од огнот, се ставаат ванилата и оревите, се става во тегли, убаво да вакумира.
Во топли тегли ставете го врелото слатко, затворете со капаче убаво и ставете во загреана рерна на 50 степени. Рерната изгасете ја и оставете да се оладат полека, по 12 или 24 часа.
Слаткото е супер. Мене лично спојот ми е многу интересен.
Забелешка во приготвувањето е што мора да се приготвува на многу тивко додека да се растопи шеќерот. Ако огинот е појак, ќе карамелизира и загори (си подкашлува симблично) =))
Шербетот нема да биде многу густ по час и половина, може да ви треба подолго време. Јас приготвував доза од 3кг, а другар ми од окулу 700 гр, па искуството е тоа.
Патлиџанчињата пожелно е да се сите иста големина, од прилика колку орев. Јас за експеримент ставив секакви големини. Најмалите се распаднаа, тие со големина на орев (главна фотографија) беа супер, најголемите останаа малку потврди, а и реално кажано никој гостин нема да изеде цел патлиџан во шербет =)))
Лиценца: Сите права се задржани
Slikata prekrasna:)
штом почнав со вакви шашави рецепти од пуста желба да видам на што ќе личи, почнувам да се помастершефувам :) :) :) :)
дани, супер идеја е тоа за џемот. ќе треба и тоа да го пробам, така полесно ќе им го протнам ;)
вкус, исто како смоква. просто не ми се веруваше. ама па требаше да очекувам. оној ликерот на љиља со вино и лситови од вишни, иста финта е. сите мислат дека е со вишни, а тоа со лажга и финта, листови :) :) :) :)