Растопете го квасецот во млака вода, па измешајте го со брашното, млекото, јајцата, виното, лимоновиот сок, ренданата лимонова кора и 1 лажица шеќер додека добиете меко, мазно тесто.
Ставете го тестото во длабок сад, покријте го со фолија и оставете го да одстои околу 2 часа или додека двојно се зголеми во обем.
На рамна површина расукајте го тестото во дебелина од 1/2 сантиметар, па со кружен калап исечете ги крофните и откако ќе го формирате оставете ги да нараснат околу 30 мин. Потоа ставете ги во тава со добро загреано масло и пржете ги се додека не заруменат од двете страни.
Готовите крофни со бело вино наредете ги на хартиена салфета за да се впие маслото, а потоа декорирајте ги со шеќер во прав и Чокола прелив на Винчини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови