Подготовка:

1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и брашното. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат пециво, сол, зачини, ванила, јајце и квасец. Се промешува со вилушка.
Се додава тиквата и постепено од брашното. Се замесува средно меко тесто и постепено се додава растопениуот путер. Се меси додека не се добие мазно тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Потоа се дели на 10 топчиња. 9 топчиња се ставаат во круг, во тава бр 26, обложена со хартија, a
10-то топче се дели на 2 дела. Од половината се прави засечена кифличка и се става во средината.
Од останатото топче се сучи тенка коричка. Се дели со алатка на 24 танки ленти. Се формираат 9 плетенчиња. Врз нив со цедалка се посипува брашно. Погачата се премачкува со јајцето со млеко.
4. Се редат плетенчињата. Во средината се става сусам. Ми остана малку тесто и ставив по едно мало топче. Се остава на топло 30 минути и се пече во загреана рерна околу 35 минути. Испечена се вади на решетка да се излади, па се послужува со кафе, чај. Ароматична и многу мека погача е.
Пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани