Сладолед со желе и лешник
Овој кремаст сладолед има доста интересен вкус кој го дава желето, во ретка комбинација со ванила пудинг и потпечени лешници во сладолед.
Најпрвин сакав да испитам каков ќе биде вкусот на пудингот сварен со кондензирано млеко (кој е навистина поинаков и за мене повкусен од стандардниот), а поради малата концентрација на вода во истиот, добив идеја да биде вклопен во сладолед.
Резултатот беше вкусен и кремаст сладолед.
~ Пудинг ~
- Прашокот за пудинг се меша со кафеавиот, ванилиниот шеќер и 6-7 лажици од кондензираното млеко. Остатокот од млекото се загрева постепено, се тура растопениот пудинг и се вари со постојано мешање со жица додека да се згусни, бидејќи поради густината на млекото лесно може да загори. Истото може да се избегне ако пудингот се вари во сад со дупло дно.
- Сварениот пудинг се лади, кога е млак се додава желето исечкано на поголеми коцкички, се меша при што ќе се стопи и шеќерот што е на него. Се става во фрижидер да се лади.
- Лешниците се потпекуваат, се ставаат во крпа, се протриваат за да испадне лушпата и изладени се сечкаат или се толчат, но не на многу ситно.
- Слатката павлака се мати со миксер додека да се згусне убаво, потоа во неа се додава изладениот пудинг со желето и исечканите потпечени лешници и со миксер убаво се изедначува цела смеса.
Кремот се става во пластичен сад или во силиконски калапи во форма по избор и се става во ладилник преку ноќ. Се добива околу 1 литар сладолед.
Пробајте го овој желе-пудинг сладолед!
Лиценца: Сите права се задржани
ад хок и така :)