Блага варијанта на леб, која совршено одговара со путер од кикиритки или мармалад.
1. Во длабок сад го ставаме јајцето, го матиме со жица за матење. Го додаваме медот, мешаме.
2. Во смесата ги додаваме јогуртот, сокот од лимон, кората од лимон и маслото, промешуваме.
3. Во течната смеса го додаваме брашното и пецивото, мешаме да се соединат состојките.
4. Смесата ја ставаме во правоаголен калап за леб со должина од 23 цм, обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути покриен со фолија и уште 15тина минути без неа.
5. Оставаме да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани