Сечени кифлички
Ставете го квасецот со дел од млаката вода и шеќерот да се ферментира. Потоа, додадете го во млаката вода. Додадете ја и солта, маслото и повеќе од половина брашно. Месете и додавајте постепено од брашното (јас тоа го правам рачно, но кој сака може и со помош на миксер и додатоците за тесто). Ќе добиете мека и глатка смеса. Оставете да се удвои на топла или собна температура покриена со кујнска крпа.
Готовото тесто не го премесувајте. Само вадете парчиња и нежно обликувајте топчиња малку поголеми од орев и ставајте си периодично по 10-15 на работната маса. Секое со помош на сукалка се развлекува долгнавесто и со помош на оштар нож се засекува на крајот од едната половина 4-5 пати. Се витка од обратната страна во вид на кифличка (фото).
Секоја кифличка се реди во подмачкан или обложен со пек хартија плех, се премачкува со разматеното јајце и се посипува со оригано, црвена пипер и сол. По желба (не е во рецептот и не мора но, ако сакате додадете си и сусам).
Наредените кифлички веднаш се печат на 180 степени 10-15 мин, односно додека не ја сменат бојата одозгора. Додека ги спремате едните, другите се веќе печени.
Овој рецепт ми е одомаќинет (уште на прв поглед) од мојата снаа за брат и често е правен за секоја прилика. Лесно и брзо се прават и се многу меки и вкусни ја јадење. Посебено разлика од класичните кифлички им даваат зачините што се ставаат одозгора.
Многу сличен е на рецептот на Даниела Џогова-Посни кифлички по составот на тестото, но се разликува по постапката на правење, па затоа се осмелив и мојот начин да ви го презентирам.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
http://www.youtube.com/watch?v=qTDTqgtzy38
Дијана, пробај ги лесно и брзо се прават и уште побрзо се јадат хехе..
Дани се надевам дека не те навредив што го извадив и мојот рецепт, а по составот е сличен на твоите кифлички.
Аница, благодарам најпрво за комплиментот за сликите. Се трудам и јас како и сите, колку може подобро да се слика она што се претставува. Напати правам дури и повеќе од 20 слики па имам тешкотија која да ја одбрам хах... и да се претерува не чини :)... а напати пак, едноставно никако успешна слика да ми испадни, како онаа со интегралниот леб со тиквички, едноставно-не сака слика барем нормална да излези...
За шеќерот си апсолутно во право-фали и тоа 2 мали лажички. Не сум приметила за него, а ми фалеа и зачините кога излезе рецептот, па ги додавав. Сега кога те прочитав пробав да го внесам, ама не ми даде-вади еррори. Можеби дека има повеќе слики и сега тешко оди тоа. Па еве, ако чита уредништвото, нека се обидат тие да ги додадат тие 2 лажички шеќер во состојките, или повторно ќе пробам утре... Денес едвај и страната ми ја отвора. Поздрав на сите!
pozz Klara i ponatamu zbogati ni go sajtov