Испечати

Сечени кифлички

Сечени кифлички

Состојки

  • 1/2 литар млака вода
  • 3 лажички сол
  • 1 свеж квасец
  • 3 филџани за црно кафе масло (1 филџ. 75мл)
  • 1 кг брашно
  • 2 лажички шеќер
  • за премачкување и посип
  • 1 јајце, оригано, црвен пипер (сол и сусам по желба)

Подготовка

Ставете го квасецот со дел од млаката вода и шеќерот да се ферментира. Потоа, додадете го во млаката вода. Додадете ја и солта, маслото и повеќе од половина брашно. Месете и додавајте постепено од брашното (јас тоа го правам рачно, но кој сака може и со помош на миксер и додатоците за тесто). Ќе добиете мека и глатка смеса. Оставете да се удвои на топла или собна температура покриена со кујнска крпа.
Готовото тесто не го премесувајте. Само вадете парчиња и нежно обликувајте топчиња малку поголеми од орев и ставајте си периодично по 10-15 на работната маса. Секое со помош на сукалка се развлекува долгнавесто и со помош на оштар нож се засекува на крајот од едната половина 4-5 пати. Се витка од обратната страна во вид на кифличка (фото).
Секоја кифличка се реди во подмачкан или обложен со пек хартија плех, се премачкува со разматеното јајце и се посипува со оригано, црвена пипер и сол. По желба (не е во рецептот и не мора но, ако сакате додадете си и сусам).
Наредените кифлички веднаш се печат на 180 степени 10-15 мин, односно додека не ја сменат бојата одозгора. Додека ги спремате едните, другите се веќе печени.
Овој рецепт ми е одомаќинет (уште на прв поглед) од мојата снаа за брат и често е правен за секоја прилика. Лесно и брзо се прават и се многу меки и вкусни ја јадење. Посебено разлика од класичните кифлички им даваат зачините што се ставаат одозгора.
Многу сличен е на рецептот на Даниела Џогова-Посни кифлички по составот на тестото, но се разликува по постапката на правење, па затоа се осмелив и мојот начин да ви го презентирам.
Добар апетит!