Убав традиционален домашен месен леб,со мека кора.
Подготовка.

- Растворете го квасецот во млака вода,брашното просеано направете му кратер на средина. На средина на кратерот ставете го квасецот, маста, солта,оцетот и шеќерот. Со додавање на вода замесете средно меко тесто кое е малку по лепливо од обично тесто за леб.
- Оставе те да стаса еден час или додека не го дуплира својот волумен. Размесете го на набрашнета работна маса формирајќи лебчиња со ваша омилена форма.
- Фурната загрејта ја на 220 степени заедно со плехот во кој ќе го печете. Во загреаниот плех посолете мешавина од пченично и пченкарно брашно, ставете ги лепчињата. Лепчињата премачкајте ги со млеко и посолете со истата мешавина, расечете ги лепчињата со остар нож..
- Плехот вратете го во рерна,печете 10 мин на 220 потоа намалете ја рерната на 200степени. Лебот откако ќе се испече оставете го уште петнаесетина мин.во рерна да се истишти. Потоа извадете го на крпа, но не го покривајте доколку сакате убава крцкава тенка кора.
Добар апетит!!!
Ваков леб печеше мојата баба, под цреп најслатко го јадевме со жолто сирење печено на сонце. Во овој случај заради некои други работи кои ми се натрупаа во кујна, морав да ставам хартија за печење во плехот. Требаше да испечам нешто друго веднаш одкако го извадив лебот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани