Лесен и брз рецепт за подготовка а и многу вкусен,пробајте и вие ке ви се допадне Ч)
1. Печурките исечете ги на парчиња, а местото на коцки
2. Ситно исецканиот кромид продинстајте го на малку масло за јадење
3. Додајте ги печурките и динстајте околу 10 минути, а потоа додадете го месото
4. Малку пропржете, ставите малку вода и динстајте околу 20 минути
5. Кога е месото полуготово ставете го оризот и пак по потреба вода и продолжите со динстање со повремено мешање
6. Кога е оризот скоро сварен додајте го мешаниот сув зачин, магдоносот и лукчето ситно исецкано
7. Пред крај ставете го сокот од домати и мешајте се заедно неколку минути. Сервирајте топло со салата од зелка или со домашно младо сирење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови