Свинско со компири и грашок
Ова ми е еден од омилените ручеци. Обожавам грашок на било каков начин, а посебно со телешко и свинско. Со фант овој пат излезе уште повкусно.
Месото го сецкаме на коцки. Кромидот ситно го сецкаме и го запржуваме на малку масло. Откако убаво ке се запржи, го додаваме месото и него го пржиме додека не се зацрвени. Ги додаваме изренданите излупени домати, исецканите моркови, исецканите на коцки компири и грашокот. Сето ова го запржуваме. Додаваме лажица црвен пипер и на сето ова ја додаваме содржината од фант кесичката помешана со 1литар вода. Оставаме да се вари околи 40-60мин додека месото и зеленчукот не омекнат. По вкус додаваме мешан зачин. Јас на вакви манџи не правам запршка, густа ми е од самиот зелечнук. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови