Свинско и компири во сос
Во тенџере на оган се става топката од свинско месо со кромидот, морковот, лукчето, ловоровиот лист, мајоранот, 1-2 ливчиња жалфија, оригано, сол, бибер, зачинал, малку зејтин и малку вода. Се динста додека месото не стане меко (околу 2 часа).
Во друго тенџере се варат излупените компири. Откако ќе се сварат, се сечат на кругови, се ставаат во соодветна тава и се зачинуваат со сол, бибер, зачинал, оригано и буковец. Врз нив се редат шницли од месото што го динставме, а одозгора се прелева сосот кој се подготвува на следниов начин
Во тенџерето каде што се динсташе месото се става една лажица брашно. Се додава блендиран зеленчукот што го динставме заедно со месото. Се пропржува малку и потоа се налева со пола литар вода. Се вари да се згусне(не премногу). Со овој сос се прелеваат месото и компирите и тавата се става во рерна околу 20 мин. колку да се запече одозгора.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови