Парчињата место наросете ги со сол, бибер и мешан сув зеленчук. Оставете малку да ги впијат зачините. Во тавата во која сте одлучиле да го печето месото обложете ја со алуминиумска фолија, притоа внимавајте фолијата да е поголема и да излегува преку краевите на тавата. Парчињата месо наредете ги едно до друго. Помеѓу нив ставете неколку гранчиња свеж рузмарин и чешниња лук кои не мора да се чистат од лушпата само притиснете ги со нож. Налејте малку маслиново масло и половина чаша бело вино (околу 100 мл)

Затворете ја фолијата внимателно од сите страни и печете на 170-180 мин час и половина.

Како прилог може да искомбинирате пире од компири или само мешан варен зеленчук. Сеедно што ќе одлучите во секоја комбинација е многу, многу вкусно.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови