Сармички од тиквички
Подготовка:
1. Излупете ги тиквичките и со алатка за лупење вадете тенки ленти по должина.
Лентите посолете ги и оставете ги така да омекнат додека го спремате филот.
2. Во подлабок сад ставете го измиениот булгур и попарете го со водата. Оставете го така 10-15 минути.
Потоа во него додадете ги останатите состојки за фил и убаво измешајте ги да се соединат.
3. На секоја трака тиквичка, се става по едно лажиче фил на почетокот и се витка во ролничка.
Ролничките се редат во тепсија едно до друго.
4. Во посебен сад ги мешаме состојките за преливот и со кутлача, потураме секаде одозгора врз ролничките тиквички. Печиме на 180С, додека испари водата.
5. Послужете со кисело млеко, кисела павлака или јогурт. Секако, тука одлично се совпаѓа и таратур, како прилог или одозгора.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Значи, не очекував толку вкусно да биди! Се сложија и тоа по три пати додека јадеа сите со мене :) Е, сега, најинтересното е што и оној кој не љуби тиквички ќе јади, нема да му сметаат. А, како неколку замотав и во листови модар патлиџан, еве јас сум примерот со него така деликатна се уште, исто убавини! особено додека се топли. Кога ќе оладат, тепајте ги за мезе слободно :)