Еве еден рецепт за несекојдневна вкусна салата.
1. Марулата се мие и се сече на парчиња.
2. Печурките измиени и исечени на половина ги запржуваме со зејтин и сол. Се тргаат на страна да оладат.
3. Врз исечената марула се додаваат печурките, исечените шери-домати и исечената на парчиња моцарела.
4. Во една мала тегличка ставаме маслинов зејтин, оцет, сол и куркума. Убаво промешуваме. Со овој прелив ја полеваме салатата. Мешаме и служиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови