15
јан
2016
Салата со краставица,урда, ореви и павлака
Оваа салата ја има во повеќе видови со додатоци и зачини.
Мојата варијанта е оваа:
Оревите се сецкаат на појадро.
Шунката ја сецкаме на коцки.
Урдата треба да биде од онаа ронливата,а не онаа како кајмакот.
Краставицата се сецка на коцки.
Се додаваат павлаката и мајонезот.
Се благо се промешува.
При сервирањето се наросува со поситно сецкани ореви.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Морам да дополнам дека сум направила пропуст.
Во салатата се додава и две супени лажици печен сусам.
Го замолувам уредништвото ако може да ја поправи мојата грешка.