Салата со краставица,урда, ореви и павлака
Состојки
- 300 гр шунка
- 200 гр мајонез
- 200 гр павлака
- 200 гр ореви
- 1 свежа краставица
- 250 гр урда
- 2 големи лажици сусам
Подготовка
Оваа салата ја има во повеќе видови со додатоци и зачини.
Мојата варијанта е оваа:
Оревите се сецкаат на појадро.
Шунката ја сецкаме на коцки.
Урдата треба да биде од онаа ронливата,а не онаа како кајмакот.
Краставицата се сецка на коцки.
Се додаваат павлаката и мајонезот.
Се благо се промешува.
При сервирањето се наросува со поситно сецкани ореви.
На здравје