Салата од тиквички
Јас си почнав тука да си пишувам одокати рецепти. Оваква салата никогаш не ми паднало на ум да направам додека не видов кај Марија - членка на коолинариката која ја прави со кофтиња од тиквички, а заради тоа што таа вели дека може и само поховани, јас така и ја направив, а сигурно нема да остане само на ова, сигурна сум дека оваа салата ке доживее многу репризи. За да го поставам тука нејзиниот идеја-рецепт, јас ја имам нејзината согласност - за што сум и благодарна, значи регуларно поставена рецепта!
1. Количината на тиквичките зависи од вас самите колку сакате да направите од самата салата.
2. Се сече тиквичката како вие сакате- дали на кругови или по должина - јас за да скратам постапката и времето - секогаш бегам накај полесното, по должина ги сечам а не ги ниту лупам, сметам дека нема потреба. Ги осолувам и оставам малку да постојат.
3. Секое парче го валкам во разметените со вилушка јајца, па во брашно, пак го вракам парчето тиквичка во јајцето и пржам во загреан зејтин.
4. Сите испржени тиквички ги чекам да се оладат и ги редам - ред тиквички ред павлака во која измешам пресуван лук и магданос, се така додека се заврши, целата се премачкува со павлаката и одозгора рендам кашкавал.
Забелешка.
Припазете при прижењето да не ги препржете како јас. толку тенко ги бев исекла што дури еден ред ставив завиткани како ролатчиња.
Прекрасен прилог, прекрасна салата.
Марија, једно велико ХВАЛА!
Лиценца: Сите права се задржани
(трча низ куќа и вришти од мака што нема тиквички по дома) :) :) :) :)
ЛиЛин, и со кофтиња може и си ставиш повеке од павлаката....мерак голем е оваа салата,
па имајте усул, немам тиквички по дома :) :) :) :)
Eve vaka, mozi da dojdis na gosti, ili mozi da ti pratam po DHL. Nema da ja trampam salatata za ubavoto tvoe sirenje, ti od blagodarnost ke mi dades :) :) :)
Lile, super salata!! Maz mi ti blagodari za receptot :) :) :)
Јуци, ти си сега на ред да ја пробаш оваа вкусотија додека им е сезоната на тиквичките,
денес одам во Цивилизација и се враќам дома со вреќа тиквички. прскани не прскани не ме интересира!
и за да докажам дека живеам во ова време, че одам СО КОЛА НА БЕЗИН, а не запрежна :) :) :) :)
П.С
ОВДЕ НЕ Е МЕСТО ЗА ДИЕТАЛНИ ДИСКУСИИ!! :) :) :) :)