Испечати

Салата од тиквички

Салата од тиквички

Состојки

  • тиквички по ваш избор количината
  • јајца потребно за поховање
  • лебни трошки колку што ке ви е потребно за поховање
  • павлака колку вие сакате да ставите

Подготовка

Јас си почнав тука да си пишувам одокати рецепти. Оваква салата никогаш не ми паднало на ум да направам додека не видов кај Марија - членка на коолинариката која ја прави со кофтиња од тиквички, а заради тоа што таа вели дека може и само поховани, јас така и ја направив, а сигурно нема да остане само на ова, сигурна сум дека оваа салата ке доживее многу репризи. За да го поставам тука нејзиниот идеја-рецепт, јас ја имам нејзината согласност - за што сум и благодарна, значи регуларно поставена рецепта!
1. Количината на тиквичките зависи од вас самите колку сакате да направите од самата салата.
2. Се сече тиквичката како вие сакате- дали на кругови или по должина - јас за да скратам постапката и времето - секогаш бегам накај полесното, по должина ги сечам а не ги ниту лупам, сметам дека нема потреба. Ги осолувам и оставам малку да постојат.
3. Секое парче го валкам во разметените со вилушка јајца, па во брашно, пак го вракам парчето тиквичка во јајцето и пржам во загреан зејтин.
4. Сите испржени тиквички ги чекам да се оладат и ги редам - ред тиквички ред павлака во која измешам пресуван лук и магданос, се така додека се заврши, целата се премачкува со павлаката и одозгора рендам кашкавал.
Забелешка.
Припазете при прижењето да не ги препржете како јас. толку тенко ги бев исекла што дури еден ред ставив завиткани како ролатчиња.
Прекрасен прилог, прекрасна салата.
Марија, једно велико ХВАЛА!