Рустична посна пица
Предлогот е веганска верзија, посен, но и фамилијарна доза од која излегуваат точно 5 пици печени во калапи со големина на број 28 тркалезна форма.
Рустична во насловот важи зашто ја печам на брашно, така готова наликува на коричка од домашно лепче, ако не се прекрие останува крцкава. За помека кога се излади само се затвора во пластичен сад, нам ни е убава секако.
Тестото при месење е меко, лепливо и така треба да остане не се додава брашно. Рацете се намастуваат со масло при печењето, сувиот квасец обавезно се става во вода и малку шеќер да се активира, потоа се додава во брашното за да се образува тесто.
Месеното меко тесто се остава да стои 15 мин. па се дели на 5 делови. Калапите врз кои ќе се печат се посипуваат со брашно-сосема бело дно, се прави кора со таква иста димензија, се плеска со рака и се ,,растргнува,,
Така поставена во тавчето се реди со зеленчуците, за кои треба да напоменам дека корнишоните беа рендани и цедени од течност, над кечапот по краевите на секоја пица се прави ,,венче,, од сусам и редете по ред од сите зарзавати.
Се печи на 220 кај мене доволни се 12 минутки, односно нека има заруменети рабови. Готовата пица,само се поминува со намаслено силиконско четче по рабовите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови