Подготовка:

1. Смоквите ги ставаме во чаша со топла вода да омекнат 30тина минути. Ги цедиме и ги ставаме во блендер. Ги додаваме и урмите, блендираме. Во блендерот ги додаваме кикириките, лешниците, какаото, румот, рум аромата и циметот. Блендираме додека да се иситнат кикиритките и лешнциите. 2.Смесата ја ставаме во калап со димензии 20х20 обложен со хартија за печење. Ја натапкуваме и ја ставаме во фрижидер околу 1 час да се стегне. Во мал длабок сад на пареа го топиме темното чоколадо со кокосовото масло. Смесата ја вадиме од фрижидер, сечиме на коцки и со растопеното чоколадо ги украсуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани