Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме сончогледот, брашното од хељда, брашното од спелта и јачменовото брашно. Промешуваме со лажица. Ги додаваме солта, рузмаринот и маслиновото масло, промешуваме со лажица. Ја додаваме млаката вода и замесуваме тесто.
2. Земаме дел од тестото и меѓу двете дланки формираме стапчиња. Ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Печиме на 180 степени 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани