Испечати

Рузмарин стапчиња

Рузмарин стапчиња

Состојки

  • 50 гр сончоглед
  • 50 гр брашно од хељда
  • 70 гр брашно од спелта
  • 100 гр јачменово брашно
  • ½ лажиче сол
  • 1 лажица сецкан рузмарин
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл млака вода

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме сончогледот, брашното од хељда, брашното од спелта и јачменовото брашно. Промешуваме со лажица. Ги додаваме солта, рузмаринот и маслиновото масло, промешуваме со лажица. Ја додаваме млаката вода и замесуваме тесто.
2. Земаме дел од тестото и меѓу двете дланки формираме стапчиња. Ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Печиме на 180 степени 20-25 минути.