
2
фев
2013
Ролнички од туршија
Сечете ја пиперката од едната страна и постелете ја на даската за сечење.
На едниот крај ставете ја краставичката и сролајте цврсто.
Листовите зелка убаво исцедете ги и постелете ги еден врз друг.
Ставете ја сроланата пиперка на едниот крај и цврсто сролајте. Убаво стегнете,
Со остар нож сечете ја ролничката на парчиња со дебелина колку прст.
Ова е една идеја за декорација на зимската трпеза, која многу привлечно изгледа, а бидејќи сме при крај со зимата и добар начин како да се искористи останатата туршија.
Лиценца: Сите права се задржани