Испечати

Ролнички од туршија

Ролнички од туршија

Состојки

  • За една ролна
  • 4 листа сторена зелка (расол)
  • 1 цела црвена пиперка од туршија било кој вид
  • 1 поголема (подолга) кисела краставичка

Подготовка

Сечете ја пиперката од едната страна и постелете ја на даската за сечење.
На едниот крај ставете ја краставичката и сролајте цврсто.
Листовите зелка убаво исцедете ги и постелете ги еден врз друг.
Ставете ја сроланата пиперка на едниот крај и цврсто сролајте. Убаво стегнете,
Со остар нож сечете ја ролничката на парчиња со дебелина колку прст.

Ова е една идеја за декорација на зимската трпеза, која многу привлечно изгледа, а бидејќи сме при крај со зимата и добар начин како да се искористи останатата туршија.