Ролатчиња со фстаци
1. Чоколадото и фстаците(кои претходно малку ги потпеков и ситно ги исечкав) се мешаат заедно и се додава малку цимет (по желба, ако се сака)
2. Маргаринот и маслото за јадење се топат.
3. Секоја кора (една по една) се дипли малку на едниот крај и се става од филот.
4. Сукалото се намрсува со масло за јадење. Кората се витка лабаво на сукалото и се набира. Така набрана се става во тавчето.
5.Се става во загреана рерна на 200 С , се пече околу 5-10 мин, па потоа се намалува на 180 С и се пече уште околу 20-30 мин .
6. Топлата баклава се попарува со врел шербет и пак во топла рерна се враќа малку баклавата да постои.
Прв пат ја правам баклавава.Јас ставив црно чоколадо, но се губи бојата на фстаците, па затоа во рецептот запишав да се употреби бело чоколадо, за да може да се гледа зеленкастата боја на фстаците
Лиценца: Сите права се задржани