Јајцата ги делиме одделно во еден сад белките во друг сад жолчките. Во белките го додаваме шеќерот и матиме.
Жолчките ги матиме убаво и ги додаваме во белките. Повторно матиме и го додаваме пецивото и брашното. Добиената смеса ја распоредуваме подеднакво во две четворни тепсии кои претходно сме ставиле хартија за печење и масло.
Печеме 5-10 мин на загреана рерна од 250С.

Потоа ја матиме слатката павлака. Откако ќе се изладат тестата им ја вадиме хартијата, па ги премачкуваме од едната страна со слатка павлака и му ставаме по 2 излупени банани на краевите, ги посипуваме со претходно измелените ореви по 100 гр во една 100гр во друга и на крај ги свиткуваме во ролат и двете ги премачкуваме со слатка павлака која претходно сме оставиле мал дел за декорација и ги накапуваме со растопено чоколадо. На здравје....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани