Рецепт кој има малку состојки но интересен и за правење и за јадење, посебно за оние кои му се допаѓа вкусот на рогачот, кој најдобро е да се конзумира вака суров. Се е сурово освен експандираниот ориз (што јас го додадов надвор од рецептот), не се пече и се јаде одма.

1. Најпрвин смоквите се ставаат во вода околу 30 минути да омекнат, се цедат и се блендираат како каша и се ставаат во сад.

2. Им се додаваат рогачот, циметот, оревите и експандираниот ориз, се меси со рака и се става во калап со правоаголна форма.

Може, а и не мора да се стави 15-тина минути во фрижидер, веднаш може да се сечи на коцки (или на штангли за повеќе парчиња).

Бидејќи рогачот има интензивен и специфичен (за мене превкусен) вкус, истиот може да се замени со какао. Шеќер не е потребен. Здраво и сурово, на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани