Рогач коцки (сурово, посно)
Рецепт кој има малку состојки но интересен и за правење и за јадење, посебно за оние кои му се допаѓа вкусот на рогачот, кој најдобро е да се конзумира вака суров. Се е сурово освен експандираниот ориз (што јас го додадов надвор од рецептот), не се пече и се јаде одма.
1. Најпрвин смоквите се ставаат во вода околу 30 минути да омекнат, се цедат и се блендираат како каша и се ставаат во сад.
2. Им се додаваат рогачот, циметот, оревите и експандираниот ориз, се меси со рака и се става во калап со правоаголна форма.
Може, а и не мора да се стави 15-тина минути во фрижидер, веднаш може да се сечи на коцки (или на штангли за повеќе парчиња).
Бидејќи рогачот има интензивен и специфичен (за мене превкусен) вкус, истиот може да се замени со какао. Шеќер не е потребен. Здраво и сурово, на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
рецептот има состојки со точна грамажа од десната страна на екранот (десно од фотографијата). претпоставувам дека си читала од мобилен и не си ги забележала ;)
го купувам цел, па го мелам дома во машинка...ако остане нешто за мелење. обично, помини замини си земам парченце и си го грицкам :) :) :) :)
супер рецепт :)