1. Најпрво се подготвува пандишпанот.  Жолчите ги одвојуваме од белките. Белките и шеќерот ги матиме со миксер во цврст снег. Потоа ги додаваме жолчките и откако убаво ќе се измати се додава брашното, пецивото, оревите и кората од лимон. Се пече во поголем правоаголен плех. Откако ќе се испече се дели на 2 дела.
2. Потоа се подготвува првиот фил. Во сокот од компот од праски го додаваме и сокот од лимон и во сокот ги потопуваме мелните бискивити и убаво промешуваме, па ги додаваме и мелените ореви. Маргаринот го мешаме со шеќерот во прав и откако убаво ќе се изработи се меша со смесата со оревите и бисквидите.
3. Вториот фил се добива откако слатката павлака ќе се измати со 2 лажици шеќер и откако ќе се добие густ шлаг во него се додава сецкани ореви и банани.
4. Потоа се филува тортата со ред - кора - прв фил- втор фил - кора - прв фил и на крај се декорира со изматена слатка павлака и по желба и мелени ореви за декорација.

Многу лесна торта за правење, бидејки филовите не се варат, тортата и не е баш мала, а многу е вкусна бидејки има многу ореви. На секого му ја препорачувам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови