
18
дек
2014
Рижото со ракчиња
Во вок тава на загреано масло запржете го ситно исецканиот лук. Во тенџере подгответе го бујонот. Во тавата со лук додадете го оризот и кратко пропржете. Потоа додадете го белото вино и оставете да крчка на тивок оган.Кога ке испари виното со црпакла додајте малку од бујонот, и таа течност кога ќе испари додајте нова од бујонот. Прзете со повремено мешање. На крајот додадете ги ракчињата и сокот од лимон. Оваа е одличен ручек за оние кој го сакат киселкастиот вкус.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови