3
јан
2016
Риба со прилог од печен зеленчук
Рибата исчистена и измиена засечете ја на две места од двете страни и посолете ја. Оставете ја неколку часа или преку ноќ да прими од солта.
Зеленчукот исечкајте го - патлиџанот и тиквичките на кругчиња, кромидот на резанки, а пиперката на поголеми коцки.
Во посебни чинии посолете го и измешајте го. Во плех наредете го во редови или измешан и попрскајте го со масло. Ставете го да се пече во загреана рерна на 190-200 степени околу 45 минути да омекни. На пола од печењето малку промешајте го за премногу да не изгорат горните делови.
Додека се печи зеленчукот на загреано масло,извалкана со брашно испржете ја рибата.
Послужете ги додека се топли.
Лиценца: Сите права се задржани