3
дек
2020
Рециклирани плескавици од пире со мелено месо
Една идеја како да се искористи остатокот од пире.
Во пире додајте јајце, брашно, подсолете додајте зачини, измешајте смесата.
За фил
Кромидот испржете го додајте мелено месо, подсолете.
Магдоносот ситно исечете додајте кај меленото месо.
Со натопени раце земете тесто од пире, внатре ставете фил од мелено месо затворете со другиот дел на тесто. Направете окрула форма.
Прежете плескавици во загреано масло од двете страни.
Сервирајте со салата.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани