28
мар
2015
Пченка варена со пепел
Во длабок сад ја ставаме пченката да вари. После пола час варење ја додаваме пепелта и вариме уште половина час, но со повремено мешање.
Се трга од оган, ладна се става во цедалка и се трие со раце за да излезат црнките од пченката. Потоа ја миеме и повторно ја ставаме на оган да вари околу 1 час. Ја тргаме од оган пченката, ја цедиме и миеме и повторно ја ставаме на оган да вари околу 2 часа. Варената пченка ја засладуваме со шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
и мене ме интересира која е улогата не пепелот. обожавам бабски финтици :)
Вели дека така триена со пепел,поубаво се чисти.Ја вари со пеплта и пред крај ја трие во вангличка со дупчиња, да падне се што е нечисто.
инаку, уште како дете кога правеше баба ми (а кај нас секогаш и исклучиво ваквата пченка со пепел се прави) мене мораше да ми се објасни зошто со тоа чудо. НАјбитниот и наједноставен и доволен одговор е дека нема лушпи од печенката така па да те дават додека ја јадиш (а во нашиот случај никој не сака таква) :)))) Плус, овде ќе се надополнам и со мој впечаток и мислење.... со пченката освен солидното чистење, се добива и една фина нијанса на подобар вкус за разлика од без пепел. Браво Биби! Сега викни на една порција ;)