Испечати

Пченка варена со пепел

Пченка варена со пепел

Состојки

  • 1 кг пченка
  • 300 гр сеана пепел
  • по вкус шеќер

Подготовка

Во длабок сад ја ставаме пченката да вари. После пола час варење ја додаваме пепелта и вариме уште половина час, но со повремено мешање.
Се трга од оган, ладна се става во цедалка и се трие со раце за да излезат црнките од пченката. Потоа ја миеме и повторно ја ставаме на оган да вари околу 1 час. Ја тргаме од оган пченката, ја цедиме и миеме и повторно ја ставаме на оган да вари околу 2 часа. Варената пченка ја засладуваме со шеќер.