Путер јајца
Лесно - прелесно
Јајцата треба да бидат тврдо сварени. Излупете ги и пресечете на половина.
Во тава загрејте го маслиновото масло заедно со путерот и нека се стопи. Додадете ги зачинките, ставете ги јајцата со пресекот надоле да се лесно запржат додека добијат коричка- целото ова трае 1-2 мин. Извадете ги јајцата на тањирот, осолете, додадете сув босилек или мирудија.. секако може зачинка која вие ја обожавате и... и... или така само се мезете... или како мене.. си имав топло лепче, макајте од сосот,... мераци е.
Во самиот рецепт пишува дека треба да е по 1/2 лажица од путерот и маслиновото масло... јас ставам помножено со 3... онака пикантно од буковецот, кај ке ми стигне таа мала кочинина. Значи - можете слободно да зголемувате количините во кои ги пржиме јајцата. Одлично е мезе послужено со грицки, препечен леб, пиде...
За вкусот нема многу да пишувам... ако некој досега спремал Жидовски јајца кои некаде се запишани како Еврејски (се спремаат за Велигден) веќе знае барем приближно кој е вкусот. Мој совет и да не мора да се чека Велигден ако се сака да се проба баш тој вкус. Тие јајца се варат три дена... со додаток на разни зачинки, но - отом-потом,
Лиценца: Сите права се задржани