3
фев
2016
Путер мафини со јогурт
Измешајте ги брашното, шеќерот и пецивото.
Во посебен сад изматете ги јајцата со јогуртот и растопениот путер.
Изматената смеса додајте ја во садот со сувите состојки.
Измешајте убаво со жица за матење да нема грутчиња.
2/3 од секоја вдлабнатина од калап за мафини наполнете ја со смесата.
Одозгора ставете полнење по желба и пак од смесата за мафини.
Печете ги на 200 степени, 18-20 минути.
Испечените мафини посипете ги со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани