Путер мафини со јогурт
Состојки
- За 12 мафини
- 200гр. брашно
- 150гр. шеќер
- 150гр. путер
- 180мл. јогурт
- 1 лажичка пециво
- 2 јајца
- Полнење по желба(јас користев слатко од капини)
- За посипување- шеќер во прав
Подготовка
Измешајте ги брашното, шеќерот и пецивото.
Во посебен сад изматете ги јајцата со јогуртот и растопениот путер.
Изматената смеса додајте ја во садот со сувите состојки.
Измешајте убаво со жица за матење да нема грутчиња.
2/3 од секоја вдлабнатина од калап за мафини наполнете ја со смесата.
Одозгора ставете полнење по желба и пак од смесата за мафини.
Печете ги на 200 степени, 18-20 минути.
Испечените мафини посипете ги со шеќер во прав.