![Пудинг со желирано овошје](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/03/IMG_20210322_122405azzKB-7ae285-800x599.jpg)
30
мар
2021
Пудинг со желирано овошје
1. Сварете го пудингот со млекото и шеќерот вообичаено.
2. Во чаши издробете по една до две бисквити зависно од ширината на дното.
3. Врз нив ставете од сварениот пудинг полнејќи 2/3 од нивната зафатнина.
4. Исечкајте го овошјето и распоредете го врз пудингот.
5. Додека се спрема пудингот, желатинот растворете го во вода спрема упатството.
6. Загрејте ја водата до вриење, додадете ги шеќерите и здрвениот желатин и мешајте да се раствори.
Истурете врз овошјето. За да нема пена, ставајте го полека низ цедилка.
7. Почекајте да излади и ставете го во фрижидер неколку часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови