Пудинг од ориз и амарант со ванила и малини
Амарантот и оризот ставете ги да се варат во водата околу 20 минути, потоа додадете го млекото помешано со ренданата ванила и 4 лажици шеќер и варете уште 5 до 7 минути. Тргнете го готовиот пудинг и оставете малку да одстои, потоа распоредете го во чаши и оставете го да се лади.
За тоа време прашокот пудинг од малина растворете го со малку вода и помешајте го со 3 лажици шеќер и вака подгототвената смеса ставете ја во зовриената вода (200мл) и мешајте за да се згусне а да не се направат грутки.
Малините изгмечете ги и помешајте ги во малку изладениот пудинг и истурете ја оваа смеса врз стегнатиот пудинг од амарант и ориз.
Декорирајте дополнително со малини и цреши или јагоди и оставете да се стегне во фрижидер. Послужете го како ладен десерт. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови