Испечати

Пудинг од ориз и амарант со ванила и малини

Пудинг од ориз и амарант со ванила и малини

Состојки

  • 100 г бел ориз
  • 100 г амарант
  • 400 мл вода
  • 200 мл млеко
  • 1/3 стапче ванила или екстракт од ванила 2 лажици
  • 300 г свежи малини
  • 3 лажици прашок за пудинг од малина
  • 250 мл вода за пудингот
  • 100 гр до 150 гр нерафиниран шеќер

Подготовка

Амарантот и оризот ставете ги да се варат во водата околу 20 минути, потоа додадете го млекото помешано со ренданата ванила и 4 лажици шеќер и варете уште 5 до 7 минути. Тргнете го готовиот пудинг и оставете малку да одстои, потоа распоредете го во чаши и оставете го да се лади.

За тоа време прашокот пудинг од малина растворете го со малку вода и помешајте го со 3 лажици шеќер и  вака подгототвената смеса ставете ја во зовриената вода (200мл) и мешајте за да се згусне а да не се направат грутки.

Малините изгмечете ги и помешајте ги во малку изладениот пудинг и истурете ја оваа смеса врз стегнатиот пудинг од амарант и ориз.

Декорирајте дополнително со малини и цреши или јагоди и оставете да се стегне во фрижидер. Послужете го како ладен десерт. Добар апетит!