Проја со кисела зелка (посно)
1. Киселата зелка исецкајте ја ситно и изпржете на зејтин се додека не омекне.(околу половина час)
2. Во вангла ставете го пченкарното брашно во кое сте го измешале пецивото, зејтинот, пржената зелка, постепено додавајте киселата вода и разбркајте. И да ставите малку повеке вода не е грешка треба да добиете густина како на обичната проја. Смесата не смее да биде премногу густа.
3. Исипете ја добиената смеа во подмачкано со зејтин плекче и ставете да се пече во веќе загреана рерна на 250 степена. Кога ќе зарумени смалете ја температурата на 210 степени. Пројата е готова кога ќе се одвојат рабовите од страниците на плекчето.
Бидејки го сакам кимот, јас ставив и ким.
Лиценца: Сите права се задржани