Бурек со кисела зелка (посно)
Еве еден убав рецепт за посниве денови.
Прво ќе го спремиме филот.
Киселата зелка ја чистиме од кочанот на ливчињата и ја сечеме на тенки ленички.
Ја префрламе во вок тавата, ја зачинуваме и ја пржиме, се додека не испари течноста.
Тргаме на страна да излади.
Брашното го сееме и заедно со водата, сувиот квасец, солта и маслото замесуваме тесто.
Тестотот веднаш го делиме на топчиња од кои расекуваме корички.
Попрскуваме масло а потоа од филот.
Ја преклопуваме кората на половина и пак попрскуваме масло, и
уште еднаш ја превиткуваме.
Добиваме лента од која виткаме две триаголничиња.
Редиме во намастена тава и оставаме петнаесет минути да одморат.
Печеме во загреана рерна додека не поруменат, а кога ќе ги извадиме ги премачкуваме со маргарин.
Покријте со крпа и оставете петнаесетина минути.
Служете го бурекчево со кисела зелка со луто феферонче или чашка расолница.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови