1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто (месете подолго, околу 10тина мин.) и оставете малку да одмори. Поделете го на 24 топчиња. Секое топче развлечете го малку со сукало и направете 4 купчиња од по 6 корички, секоја премачкана со растопен маргарин, освен последната.
2. Од секое купче развлечете голема тенка кора, премачкајте ја убаво со растопен маргарин и здиплете ја по должина да се спојат краевите на средина. Премачкајте ја целата површина и здиплете повторно по должина (на сликите подолу). Повторно премачкајте и сега здиплете така што ќе добиете помал правоаголник. И уште еднаш премачкајте и само преклопете како книга. Така завиткана коцката ставете ја во фрижидер додека ги направите и другите кори.
3. Кога ќе завршите и со последната кора, ставете ја во фрижидер и земете ја првата. На набрашнета маса развлечете ја во правоаголник и исечете на 6 дела. Премачкајте ги со маргарин и на едниот крај ставете од филот. Преклопете и направете им мала витка за да ги затворите.
Наредете во намрсен плех, премачкајте ги од горе со малку маргарин и ставете да се печат во загреана рерна.
Филот пожелно е да го спремите порано, од вечер или неколку часа пред да почнете со месење за да може убаво да се олади.
Излегуваат 24 питички.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани